31 ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ КАМЕРА 300

132

По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември, како дел од програмата за одбележување на овој значаен датум, синоќа беше отворено 31 издание на Интернационалниот  фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека во чест на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот, се одржува овој фестивал, кој претставува силно културно обележје не само на градот, туку и пошироко на државно ниво и во светски рамки. „Овој уникатен фестивал, во кој на преден план не е поставено совршенството на филмската уметност како кај професионалните филмови, носи обележје на нешто што е многу поблиско до обичниот гледач, а тоа е несовршенството, обичната приказна, реалните настани, погледот на секојдневието, раскажан од аматерот-гледачот, кој преку својата приказна, го доближува секојдневието кај публиката. Секоја година, фестивалот расте во однос на прикажаниот квалитет на филмовите кои, секој на својот начин, преку раскажаната приказна има своја специфичност. Го обиколуваат светот  и пристигнуваат на вистинското одредиште, фестивалот Камера 300. Тоа го докажува и огромниот број на пристигнати филмови годинава, дури 43. Верувам дека жири комисијата навистина имаше тешка задача да ги избере најдобрите, но секако сите филмови имаа своја тежина која раскажува навидум обични, но многу важни приказни, кои ќе ја збогатат и онака богатата филмска историја на градот Битола“, рече градоначалникот Коњановски. Годинешното жири соопшти дека во конкуренција на 43 филмови, годинава ќе бидат прикажани 16 во две официјални  проекции. Највисоката награда гран-при, наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМарио Стојановски останува во Вардар до 2026
Следно соопштениеМицкоски: Да не се прават комбинаторики, изборите да се спојат и да не се прави дополнителен трошок на буџетот и граѓаните