50 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА

12
50 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА

Вчера се обележаа 50 години од постоење на Кинотеката на Македонија која како институција, пред половина век, е формирана со цел да прибира, обработува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно и историско значење.

По тој повод, раководството на Кинотеката, на градоначалникот Сотир Лукровски, му врачи Благодарница за долгогодишната соработка и поддршка која Општина Карпош и Кинотеката ја негуваат и постојано ја унапредуваат.

Градоначалникот Лукровски, во своето кратко обраќање за благодарност истакна дека соработката помеѓу овие две институции е од големо значење бидејќи станува збор за институции кои меѓусебно соработуваат на поле на културата како значаен сегмент од животот  во локалната самоуправа.  Соработката ќе продолжи и ќе се интензивира, особено оваа година која е јубилејна и за општината која исто така ќе обележи 50 години од своето постоење.

 

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСпасовски: Укинувањето на техничката влада не е реформа, туку чекор назад
Следно соопштениеПолицијата со лисици за знаме, со молк за криминалот – државата казнува солидарност Левица