По повод 70 годишнината од основањето на Битолскиот архив, денес во Офицерскиот дом, се одржа посебен настан на кој беше промовирана и монографијата „70 години Битолски архивски хронотоп“ од авторите Гоце Стојановски – раководител, Марија Дурлова, Димитар Ѓорѓиевски и м-р Ивана Хаџиевска. На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој потсети на важноста на Државниот архив на Република Македонија и добрата соработка на општината со подрачното одделение во Битола. „Успешната и среќна иднина, можеме да ја градиме само врз столбовите на почит кон минатото, искористување на знаењата, искуствата и делата создавани низ годините. Животот на еден град, не започнува од нас како поединци и не завршува со нас, но генерациите кои доаѓаат после нас, мора да знаат што сме направиле, како што ние продолжуваме од местото каде што застанале нашите предци. Тоа се однесува на развојот и изградбата на градот низ годините, на развојот на културата и фотографската дејност, неизбежно споменувајќи го делото на Браќата Манаки, како и многу други области кои се граделе и менувале низ годините. Токму во овој контекст една од посебно значајните институции во нашиот град е Државниот архив, во кој се сочувани, соодветно складирани и заштитени фотографии, документи и друга документација, која ни овозможува да можеме сите ние да видиме дел од минатото, да го зачуваме сето тоа и денес, но и да оставиме трајни записи кои ќе се користат во иднина. Како градоначалник, секогаш нагласувам дека архивата е многу важен дел од институцијата со која раководам. Општина Битола, посветува посебно внимание […]
Извор на соопштението