79 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЕГЕЈСКА БРИГАДА

120

По повод 79 годишнината од формирањето на Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, претставници од општина Битола, предводени од раководителот на сектор Блага Талевскса во име на градоначалникот на општината Тони Коњановски, положија свежо цвеќе пред спомен плочата кај Противпожарната единица. Свежо цвеќе положија и претставници од Советот на Општина Битола, делегации на Здруженијата на македонците од Егејскиот дел на Македонија, ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Унијата на млади сили и ветераните од оваа партија, како и други гости, по повод 79 години од формирањето на Првата Македонска Егејска Бригада на местото каде што на 18 ноември 1944 година, истата е формирана. Во составот на бригадата биле и дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од бригадата „Гоце Делчев“. Во нејзиниот состав влегле: Костурски, Лерински, Воденски и придружен баталјон со тешкото вооружување, активна до 2 април 1945. На 2 април 1945 г. бригадата била расформирана, а нејзиниот боречки состав распореден во други единици. Нешто подоцна, најголемиот дел од борците на Бригадата се вратиле во Егејскиот дел на Македонија и ги создале првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ), а подоцна станале борци во единиците на Демократската армија на Грција, каде повторно покажале огромна пожртвуваност во борбата за национални и социјални права и слободи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНиколоски: Ставањето на бизнисменот Дака на црната листа на САД е потврда во она што сме го говореле, дека високи владини функционери во Македонија биле вмешани во корупција
Следно соопштениеКостадиновска Стојчевска: На следните избори изборот е јасен – членство во ЕУ или враќање назад