СДС и ДУИ да не прават лицитација со функции, да се изјаснат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ

134
СДС и ДУИ да не прават лицитација со функции, да се изјаснат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ и СДС нека не се расфрлаат со функции и со државни позиции. Таквата лицитација покажува дека институциите кои ги раководат се во пропаѓање.На народот му е повеќе од јасно дека во овие 6 години на власт, криминалната коалиција ДУИ И СДС,  единствено се води од тоа, која партија колку функции ќе добие, за понатаму, да си прават математики, кој колку ќе се збогати на грбот на граѓаните.За разлика од овој принцип на владеење, ВМРО-ДПМНЕ, секогаш се води од националните интереси на Република Македонија и сите нејзини граѓани.Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од јасни и конзистентни, нема спроведување на уставни измени под бугарски диктат.Затоа, во оваа насока, Ковачевски како домазет во владата, да го праша Али Ахмети, кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа?

Извор на соопштението

Претходно соопштение„Рамо до рамо до победа“ во Струмица и Маврово и Ростуше: Дијалогот да продолжи преку компромис да ја обезбедиме европската иднина
Следно соопштениеКолумна: Кога природното го сметаме за неприродно, добиваме антиродова пропаганда