РК Еурофарм Пелистер – ЕХФ потврди девет учесници во ЛШ, Еурофарм Пелистер заедно со европската елита

96
РК Еурофарм Пелистер – ЕХФ потврди девет учесници во ЛШ, Еурофарм Пелистер заедно со европската елита

Европската ракометна федераицја (ЕХФ) официјално ја објави листата на учесници во Лигата на шампионите, како и онаа на тимовите кои аплицираа за вајлд-карта за да бидат дел од елитното европско натпреварување. Еурофарм Пелистер е еден од десетте тимови кои имаат загарантирано место во групите од Лигата на шампионите, натпреварување кое и во следната сезона ќе брои шеснаесет екипи.

Покрај нашиот клуб, дел од елитното друштво дефинитивно ќе бидат и Барселона, ГОГ Гудме, ПСЖ, Кил, Магдебург, Веспрем, Киелце, Порто и Целје Пивоварна Лашко.

Европската куќа на ракометот објави дека добила десет апликации за вајлд-карти: ППД Загреб, Динамо Букурешт, Кристијанштад, Колштад, Спортинг Лисабон, Монпелје, Алборг, Пик Сегед, Висла Плоцк и Кадетен Шафхаузен.

Ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите е закажана за 27 јуни во Виена.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеInCARE Билтен 4 – Мај 2023
Следно соопштениеИзвлечени натпреварувачките броеви на екипите учесници ви Супер машка лига за сезона 2023/24 – Ракометна Федерација на Македонија