Мицкоски: Македонија заслужува фер шанса и без условувања да влезе во ЕУ, Резолуцијата на Бундестагот ја поздравуваме и ќе продолжиме со работа да обезбедиме што повеќе такви резолуции

84
Мицкоски: Македонија заслужува фер шанса и без условувања да влезе во ЕУ, Резолуцијата на Бундестагот ја поздравуваме и ќе продолжиме со работа да обезбедиме што повеќе такви резолуции

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да врши притисок, да се обезбедат што е можно повеќе вакви резолуции. Секоја таква резолуција е добредојдена. Очекуваме такви резолуции од други наши стратешки партнери во периодот што следи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Ваташа, одговарајќи на новинарско прашање за став за последната Резолуција на Бундестагот.„Но, тоа не е би рекол ни 5 проценти од тоа што овој народ го заслужува, а овој народ заслужува фер шанса каква што имале сите народи кои пристапувале на ЕУ. Тоа е без условување, без отстапки по националниот идентитет да може да покажеме колку знаеме и колку вредиме и во еден нормален процес на преговори да станеме земја членка на ЕУ“, изјави Мицкоски.  Мицкоски јасно укажа „Македонија не може да преговара континуирано под бугарски диктат“.„Тоа е она што го бара ВМРО-ДПМНЕ и се додека постои бугарскиот диктат Македонија во овој момент се чувствува обесправена. Граѓаните на Македонија не добиваат фер шанса“, заклучи Мицкоски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ да се охрабри за дијалог, прифаќањето уставни измени и легитимитет на Собранието е добра основа
Следно соопштениеБлагодарност до Германија за силната поддршка и потврдата за македонскиот јазик, идентитет и посебност