Петрушевски: Владата нема 80 пратеници, уставни измени под бугарски диктат нема да има

81
Петрушевски: Владата нема 80 пратеници, уставни измени под бугарски диктат нема да има

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени тој посочи дека јасно е дека власта нема обезбедено 80 пратеници за промена на Уставот.

„Она што е факт по лидерската средба е дека власта нема обезбедено 80 пратеници за промена на Уставот. Она што е факт дека единството на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е нескршливо и уставни измени под бугарски диктат нема да има“, истакна Петрушевски.

Петрушевски уште еднаш го повика Димитар Ковачевски да не биде кукавица и да прифати дуел со претседателот Христијан Мицкоски за да сите овие недоумици доколку ги имаат да им бидат расчистени на јавна сцена.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРезолуцијата на Бундестагот ги потврди државничките политики на СДСМ и Ковачевски
Следно соопштениеДПМНЕ тера стара плоча на лажење на прес конференции, овој пат за МВР и ОТА