Ѓорчев се сретна со Борис Џонсон, Лиз Трас, Скот Морисон, Тони Абот и Колинда Грабар Китаровиќ

85
Ѓорчев се сретна со Борис Џонсон, Лиз Трас, Скот Морисон, Тони Абот и Колинда Грабар Китаровиќ

За време на посетата на Лондон, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев се сретна со поранешните премиери на Велика Британија, Борис Џонсон и Лиз Трас, екс премиерите на Австралија, Скот Морисон и Тони Абот, како и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.  На средбите Ѓорчев ги повтори позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на актуелните прашања во Македонија и во светот.  Ѓорчев додаде дека Македонија и македонскиот народ имаат право на свои права, посебност и идентитет.  Ѓорчев учествуваше на ИДУ форумот по повод 40-годишнината од формирањето на најголемата светска организација на десниот центар, која обединува повеќе пд 100 политички сестрински партии со слична програма и принципи.

Ѓорчев се сретна со Борис Џонсон, Лиз Трас, Скот Морисон, Тони Абот и Колинда Грабар Китаровиќ

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДијалогот за уставните измени да продолжи, ДПМНЕ има шанса да направи нешто за државата
Следно соопштениеРезултати што прават разлика, трибина на СДСМ на тема „МК во ЕУ до 2030“ Куманово