Милјана Рељиќ на својот прв настап на Европските игри го освои одличното 5-то место. Таа во првото коло убедливо ја победи Каролине Гјелсвик (Норвешка) со резултат 2:0. Во второто коло, Милјана загуби од веќе актуелниот вице-Европски првак Петра Столбова со 2:1, иако резултатот на крајот на борбата беше изедначен. Сепак, после судијско прегласување Чехињата продолжи понатаму и на крај стана вице Европски првак. Во борбите за бронзен медал, Милјана со сигурен настап ја совлада италијанката Кристина Гаспа 2:0, но потоа загуби против вице-светскиот првак англичанката Жадин Пауел. Честитки за Милјана, која секако во иднина со сигурност ќе постигнува високи Олимписки и спортски резултати.