КОПАНКИ СТАНУВА РЕАЛНОСТ ЗА БИТОЛЧАНИ!

81
КОПАНКИ СТАНУВА РЕАЛНОСТ ЗА БИТОЛЧАНИ!

Денес, после 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом Копанки со поддршка на општина Битола отпочнаа активностите за реконструкција на планинарскиот дом Копанки.

Согласно потпишаниот договор помеѓу општина Битола со ПСК ПЕЛИСТЕР, изработен е проект за реконструкција на планинарскиот дом Копанки и од денес се видливи градежните активности. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот дом издвои 3.8 милиони денари а додека во буџетот од 2023 година за реконструкција на планинарскиот дом Копанки предвидени се 2 милиони денари. Бидејќи во месец јули пред советниците на општина Битола на седница на совет ќе се разгледува ребалансот на буџетот на општината, градоначалникот Тони Коњановски, најави дека ќе предложи за реконструкција на планинарскиот дом Копанки да се издвојат дополнителни 1 милиони денари.

Копанки е историја на Битола и заедно сите треба да го возобновиме!

КОПАНКИ СТАНУВА РЕАЛНОСТ ЗА БИТОЛЧАНИ!

The post КОПАНКИ СТАНУВА РЕАЛНОСТ ЗА БИТОЛЧАНИ! appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСе враќа евтината тарифа на струјата и нема поскапување на цената
Следно соопштениеЛукаревска: СДСМ останува меѓу граѓаните, заедно ќе ги креираме следните политики