Над 15 000 луѓе вечерва на Културното лето во Кисела Вода

82
Над 15 000 луѓе вечерва на Културното лето во Кисела Вода

Преку 15 000 посетители вечерва уживаа во фантастичната атмосфера на  на првата вечер од Културното лето  на Општина Вода. 

 Настанот го отвори DJ Mats кој со својот добро познат стил го подигна расположението кај сите присутни. Час и половина хип хоп, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на  преполниот простор пред салата Расадник, уште еднаш покажаа зошто DJ Mats беше одличен избор за отворањето на неделата во која Кисела Вода го слави и својот 68-ми роденден и новото Културно лето. 

Веднаш по него незаборавен концерт одржаа 2 Бона, чии песни  наизуст ги пееше целата публика. Во редици се чекаше за фотографија со ѕвездите на вечерта кои,  во моментот работат на химна за Кисела Вода.  Паркот  во Расадник ечеше од добра музика и одличо расположение по кое ќе се памети оваа вечер. 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше присутен во публиката веќе најави дека вакво расположение и посетеност се очекува сите 4 фестивалски вечери кои од вечер до 29 јуни ќе се одвиваат на две локации.  Утре Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува на Три Круши, во Драчево, со фолк вечер. Настапуваат Куд  Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.

Додај коментар



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈАКИМОВСКИ: БАТКОТО НА ДРИН АХМЕТИ ВЧЕРА САКАШЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ИНЦИДЕНТ СЛИЧЕН НА „ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР“
Следно соопштениеНа концертот на Петар Грашо преку 30 000 луѓе