Андоновска: Ѓоспоѓо Александар, со конструкции нема да ја замолчите вистината, наместо да работите за Скопје ги навредивте сите, возачите на ЈСП, работниците, спортските клубови и кој уште не

84
Андоновска: Ѓоспоѓо Александар, со конструкции нема да ја замолчите вистината, наместо да работите за Скопје ги навредивте сите, возачите на ЈСП, работниците, спортските клубови и кој уште не

Ѓоспоѓо Александар,

Секое ваше појавување на говорница е проследено исклучиво со лаги,манипулации и навреди.

Ги навредивте возачите на ЈСП, работниците, спортските клубови и кој уште не.

Потоа откако луѓето реагираат на искажаните лаги и навреди од твоја страна, одиш се извинуваш и молиш за да ти простат.

Да,така треба, правилно е да побараш прошка за навредите и лагите кога си згрешил, но треба да престанеш тоа да го повторуваш.

Не може излези на говорница изназбори лаги и навреди и оди плачи после кај оние кои си ги налутил.

Искрено мене би ми било срам да сум на твое место и да си правам сам приказна како сум исплашен од жена.

Сепак, колку и да ги сечеш видеата и да правиш конструкции, никогаш нема да ја замолчиш ВИСТИНАТА, ниту пак мене која ќе остане доследна во цврстите определби дека Скопје треба да биде убав и модерен град. Ниту пак ќе престанам да ве потсетувам сите вас кој раководите со градот Скопје и кои имате функции, дека треба да се работи, а не да се лаже, манипулира, навредува и одработува!

Џабе правите дефокус од вашата неспособност, тука сме  секогаш да ве потсетиме дека треба да се работи за Скопје!

https://www.facebook.com/andonovska.marija/posts/pfbid0SEpSS2XT5GDA9CMHMjPvA2kak7BtPawqPvExgNNWj1GajkqZQQBdLivXkU4V2WUtl

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПопов: Караванот „Иднина за сите во Македонија“ ќе допринесе за изработка на една сеопфатна младинска програма насочена кон младите луѓе
Следно соопштениеАпасиев верниот слуга на СДС и ДУИ го продаде македононскиот блок, за помал пораз на криминалците на власт