Мицкоски на средба со Метелко-Згомбиќ: Македонија во ЕУ само Копенхагеншките критериуми, двојни стандарди не треба да има

83
Мицкоски на средба со Метелко-Згомбиќ: Македонија во ЕУ само Копенхагеншките критериуми, двојни стандарди не треба да има

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот, Тимчо Муцунски денеска (17.07.2023) остварија средба со хрватската државна секретарка за европски работи Андреја Метелко-Згомбиќ.

На средбата се разговараше за македонскиот евроинтеграции, актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и билатералната соработка на Македонија со Хрватска.

Претседателот Мицкоски истакна дека за патот на Македонија во Европската Унија треба да важат истите услови како и за сите членки досега, односно да важат Копенхагеншките критериуми, а не само за земјава да важат двојни стандарди.

Во врска со уставните измени, Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на македонскиот Устав под бугарски диктат и уцени, како и тоа дека членството во ЕУ не треба да ги загрози македонските државни и национални интереси.

На средбата беше потенцирана и соработката помеѓу двете држави поддршката која Хрватска и ја дава на Македонија, воедно беше посочено дека постои простор за уште поголема и подлабока соработка во иднина откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада во Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПроценка на организациски капацитети на Општински организации
Следно соопштениеПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ПАТЕКАТА КАЈ ЦРКВАТА „СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ“ ВО НАСЕЛБА ДОВЛЕЏИК