Резултати од ЕМОФ Марибор 2023

125
Резултати од ЕМОФ Марибор 2023

На вториот ден од џудо натпреварите на Европскиот Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) во Марибор-Словенија, нашиот претставник селектор и шеф на делегацијата М-р Дејан Мицкоски ја имаше честа да биде номиниран за доделување на награди.

Имено на свечената церемонија за доделување медали во Џудо категорија -52 кг. Жени, од страна на Мицкоски официјално беа доделени медалите и наградите на најуспешните во оваа тежинска категорија во џудо.

Ни претставува особена чест и задоволство што организаторорот ( Олимпискиот комитет на Словенија) во координација со Европската Џудо Федерација, овозможија и искажаа почит према член на Македонската делегација што укажува дека полека но сигурно рамноправно чекориме со нашите европски партнери!!!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПендаровски наместо како трачарка на пазар да лаже и посипува пердуви нека поработи за државните интереси и за Македонија
Следно соопштениеЈО да отвори постапка, Груби го добива Аудито 8 дена откако фирмата која му го дава купува хотел на Шапка по багателна цена