Посета на Хрватскиот Црвен крст во рамки на подготовките на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“

108
Посета на Хрватскиот Црвен крст во рамки на подготовките на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“

Во периодот 26-27.07.2023 година, Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити го посети Хрватскиот Црвен крст при што се оствари средба со Извршниот Претседател на Хрватскиот Црвен крст Роберт Маркт. Основниот повод за остварување на средбата беше споделување на искуства за организирање на национална вежба за подготвеност и дејствување при катастрофи на Хрватскиот Црвен крст со акцент на исполување на улогата на националното друштво на помошник на властите, како и координацијата со сите релевантни институции во подготвителната фаза. Споделени беа примери на активности, улоги на тимови, како и дигитални решенија за комуникација и следење на сите учесници во вежбата.

Хрватскиот Црвен крст ќе биде учесник на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“ на 18.10.2023 година во Скопје со тим за поддршка на активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, особено во делот на спасување на вода и транспорт на повредени лица од тешко пристапни делови преку река.

The post Посета на Хрватскиот Црвен крст во рамки на подготовките на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“ appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеУбаво е што ДУИ почна да се подготвува за опозиција – нека се охрабрат и нека излезат на избори бидејќи само тоа е излезот од ќорсокакот во кој ја доведоа Македонија
Следно соопштениеСтоилковски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен уставни измени нема да има, на СДС им е потешко отколку на ДУИ да се откажат од Груби