Продолжува реконструкцијата на патниот правец Муртино – Банско – Општина Струмица

93
Продолжува реконструкцијата на патниот правец Муртино – Банско – Општина Струмица

Деновиве продолжи реконструкцијата со проширување на патниот правец Муртино – Банско во должина од 1.000 метри.

За градоначалникот Костадин Костадинов, патната инфраструктура е многу значаен елемент во севкупниот развој на општина Струмица, особено меѓу населените места.

-Овој е еден од пофреквентните патни правци, поради земјоделските, економските и туристичките потенцијали во овој крај, но со недоволната ширина на коловозот беше небезбеден за учесниците во сообраќајот и поради тоа беше и меѓу нашите патни инфраструктурни приоритети, изјави градоначалникот Костадинов.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСветски ден на хуманоста
Следно соопштениеСликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за ВМРО-ДПМНЕ е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата