ЦРВЕН КРСТ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

78
ЦРВЕН КРСТ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Црвениот крст на Република Македонија, претставуван од генералниот секретар

д-р Саит Саити и Министерството за здравство, претставуван од министерот  за здравство Др. Фатмир Меџити на 30.08.2023 година потпишаа меморандум за соработка, со кој уште еднаш се потврдува и зацрвстува соработката помеѓу Црвениот крст на РСМ и Министерството за здравство.

Дел од активностите што ќе се реализираат, се промовирање и унапредување на доброволното крводарување, активности од прва помош поради важноста од неа во секојдневниот живот и во услови на катастрофи и елементарни непогоди, менталното здравје и психо-социјална поддршка, здравствено – социјални услуги, социјално-хуманитарни активности , итно копче, наменски транспорт за лица кои не се во животно загрозувачка состојба и активности за подигнување на јавната свест за заштита и самозаштита во случај на катастрофи и друго.

Секако цел на овој Меморандум е да ги поттикне сите кои се директно или индиректно се дел од здраствениот систем во Република Северна Македонија активно да партиципираат во големиот број на акции кои ги спроведува Црвениот крст и кои имаат хуманитарен карактер.

ЦРВЕН КРСТ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

The post ЦРВЕН КРСТ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер го освои турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид
Следно соопштениеБлокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени, отворена врата за ЕУ е историска шанса