ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на проектен/-на координатор/-ка за потребите на проектот „Советување и тестирање за ХИВ меѓу клучните популации “ за периодот 1 октомври – 31 декември 2023 година.
Опис на работната позиција, задачи и услови
- Координаторот/-ката ќе биде одговорен/-на за:
- Координација на активностите, ресурсите, опремата и информациите од проектот;
- Подготовка на детален план за работа со специфицирани задачи и зададени крајни рокови;
- Соработка со партнерите, надворешните соработници, клиентите во проектот за дефинирање на стратегии за реализација на активностите, потребите и целите;
- Го следи прогресот на проектот и се справува со ризиците и предизвиците кои се појавуваат во текот на неговото спроведување;
- Подготвување на детални буџети заради реализација на проективните активности и следење на буџетското трошење за да се обезбеди ефикасност;
- Подготовка на наративни извештаи од проектот за потребите на донаторот и за организацијата;
- Подготвување на проектни апликации и нивно презентирање на сениор менаџерите за одобрување;
- Комуникација со потенцијални партнери и чинители кои имаат интерес да се вклучат во проектот или да инвестираат;
- Подготвување на правни документи кои произлегуваат од проектот (налози за плаќања, договори,меморандуми);
- Работи со програмските раководители за подобрување на реализацијата на проектот и справување со поголеми предизвици;
- Учество на настани од високо значење кои поврзани со темата на проектот за информирање од проектот и негово застапување;
- Медиумско учество и обезбедување на видливост на проектот во надворешните медиуми и преку внатрешните канали за информирање;
- Ја помага работата на програмските раководители и врши и други задачи зададени од нив со одобрување на програмскиот раководител;
- Го заменува програмскиот раководител во негово отсуство.
- Кандидат(к)ите треба да имаат:
- Завршено високо образование;
- Основни познавања на работа со компјутери (Microsoft office);
- Најмалку 2 години работно искуство во граѓански сектор и во раководење на проекти;
- Искуство во водење и планирање на финансии;
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
- Изградени способности за тимска работа и комуникација, и
- Максимална посветеност кон работата.
2.1. Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:
- Искуство во работа со маргинализирани групи (геј, би и други мажи што имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дроги, сексуални работници/чки) и/или
- Искуство во креирање и спроведување политики, програми и проекти за превенција, грижа и поддршка за ХИВ.
ХЕРА ги охрабрува припадниците на заедницата на маргинализирани групи (геј, би и други мажи што имаат секс со мажи или сексуални работници/чки) кои се во најголем фокус на сервисот за ХИВ тестирање, да се пријават за ова работно место.
- Пријавување
Најдоцна до 16 септември 2023 година (петок) до 17 часот заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Електронска (скенирана) копија од диплома за завршено високо образование;
- Кратка биографија (на македонски јазик);
- Писмо за мотивација (на македонски јазик);
- Една препорака од претходни ангажмани, релевантна за позицијата.
Ве молиме во апликацијата да наведете телефонски број и e-адреса за контакт.
Работниот ангажман се однесува на периодот од 1 октомври до 31 декември 2023 со полно работно време од 40 работни часа неделно, со можност за продолжување и со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената плата изнесува 46.000,00 денари во бруто износ. Кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за проектен/на координатор/ка може да ги доставите елентронски на [email protected]
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју во рок од 5 дена по завршувањето на конкурсот.