Потпишан меморандум за соработка со ПСУ Јахја Кемал Скопје

81
Потпишан меморандум за соработка со ПСУ Јахја Кемал Скопје

На 05.09.2023 година во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија беше потпишан нов меморандум за соработка помеѓу Црвениот крст на РСМ застапуван од Генералниот секретар д-р Саит Саити и ПСУ Јахја Кемал Скопје застапуван од управител г-дин Исмаил Ердил. Овие организации имаат долгогодишно искуство и позитивни примери на заемна соработка во делот на крводарителството, првата помош. Здравствено-превентивни активности, социјално хуманитарни акции, дисеминација на меѓународното хуманитарно право како и активности за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи. Покрај определбите за општествено одговорно однесување на ПСУ Јахја Кемал и посветеноста на подигање на свеста на учениците, нивните родителите и вработените во институцијата за хуманитарно дејствување, во соработката со Црвениот крст на РСМ заложбите ќе бидат насочени и кон идентификување и намалување на ранливоста на населението, намалување на ризикот на изложеност, ублажување и отстранување на последици од елементарни непогоди и други несреќи, едукација на различни целни групи и помагање на институциите и организациите од јавен интерес.

The post Потпишан меморандум за соработка со ПСУ Јахја Кемал Скопје appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСЕ АСФАЛТИРА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ КАЈ СПОРТСКАТА САЛА „БОРО ЧУРЛЕВСКИ“
Следно соопштениеСтрумица е европски пример којшто треба да се следи – Општина Струмица