Сакаш формално да се вработиш, а не знаеш од каде да почнеш?

72
Сакаш формално да се вработиш, а не знаеш од каде да почнеш?

Секоја година Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија подготвува Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот со кој се креираат нови работни места за невработените лица.

Сакајќи да ги доближиме информациите за мерките што годинава може да ги користат невработените, а особено младите, лицата кои долго време се невработени и корисниците на гарантирана минимална помош, на терен дистрибуираме примероци од информативниот флаер, а на социјалните мрежи, преку „Вработена Ромка = Независна Ромка“ – следниве информативни банери:

Зошто е важно да си формално вработена?

Кои активни мерки и услуги можеш да ги користиш?

Што во случај на дискриминација на работното место?

За повеќе информации, следете нè на Фејсбук преку страницата „Вработена Ромка = Независна Ромка“. Отворена е во рамките на истоимениот проект што го имплементираме како продолжен проект уште од 2019 година, со финансиска поддршка од шведската фондација Квина тил Квина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСакаш формално да се вработиш, а не знаеш од каде да почнеш?
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Јовиќ: Ги исправивме грешките, подготвени сме за Колштад и ЛШ (ВИДЕО)