Владата на Ковачевски им го скрати доручекот на студентите во студентските домови

75
Владата на Ковачевски им го скрати доручекот на студентите во студентските домови

Премиерот Ковачевски очигледно беше последниот, кој за камери и за сатисфакција на скапо платените пиар активности, доручкуваше во еден од студентските домови во Скопје.

Според најновите најавени промени, студентите од домовите „Стив Наумов” и „Гоце Делчев” нема да добиваат доручек како дел од својот престој и истите се упатени да ги искористат средствата од студентскиот оброк, со кој владата промовираше подигнување на студентскиот стандард.

Јавно ги прашуваме министерот и претставниците од Министерството за образование и наука, како е можно, државата да наоѓа стотици милиони евра за матни зделки и тендери во четири очи, а имаат проблем со наоѓање цели 140 денари за студентски оброк? Зошто во време на двоцифрена инфлација и сѐпотежок живот за сите граѓани, Владатавложува напори да компензира смешни 140 денари, кои и онака се недоволни за достоенживот на еден студент?

Премиере, студентите веќе научија да се снаоѓаат сами и се навикнаа со маки да го поминуваат секој нов ден. Во период кога донесовте понижување и трагедија во секое поле на државните работи, вие продолжувате да си поигрувате и со нас. Можеме да ви ветиме само едно – одговорот ќе биде соодветен, а ќе се соочите со нашиот гнев на улиците, но и преку гласачкото ливче.

Линк од ФБ објава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ:

  • https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0rQM75hzMj9CkT516moYGGF7GiBc5YbphnonYq8YjfgmaqZ5CYNb9EwN79BGeRGoEl&id=100044620350806&mibextid=Nif5oz

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗапочнаа градежните активности за изградба на важните проекти, коридорите 8 и 10д
Следно соопштениеПомош на настраданото население погодено од катастрофалните поплави во Либија