Организирање на 29-ти Државен натпревар по прва помош

72
Организирање на 29-ти Државен натпревар по прва помош

Црвен крст на Република Северна Македонија на 23 септември 2023 година во Велес ќе го организира  29-от по ред Државен натпревар на екипите по прва помош. Оваа година Државниот натпревар по прва помош ќе се одржи под мотото “Првата помош спасува живот,,.

На државниот натпревар по прва помош учество ќе земат 30 екипи, каде натпреварот ќе се одвива во две траектории. На секоја траекторија ќе има по 5 работни позиции по првата помош на кои ќе бидат опфатени 13 повреди и една реанимација за срцево-белодробно оживување.

Свеченото отворање на Државниот натпревар на екипите по прва помош ќе биде во Амфитеатар Младински парк во периодот од 10:00 – 10:20 часот, натпреварот ќе се одвива од 10:30 – 16:00 часот и  прогласување на победници ќе биде од 17:00-17:30 часот во Амфитеатар Младински парк.

The post Организирање на 29-ти Државен натпревар по прва помош appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИнформација – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеРешение за свикување на дваесет и осмата седница на Советот на општина Струмица – Општина Струмица