Во Струмица се одбележа Европската недела на мобилност – Општина Струмица

74
Во Струмица се одбележа Европската недела на мобилност – Општина Струмица

Во Струмица се одбележа Европската недела на мобилност

Со велосипедско дефиле по улиците во централното градско подрачје во кое учествуваа ученици од основните и средните училишта, Општина Струмица денеска ја одбележа Европската недела на мобилност во соработка со Европската куќа Струмица и Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Оваа година, темата гласи „Заштедете енергија“ која го нагласува влијанието што одржливите транспортни решенија го имаат врз климатските цели и врз енергетската и мобилна сиромаштија. Тоа подразбира, преземање активности кои ги охрабруваат луѓето да одберат користење на јавен превоз, возење велосипед, да се одлучат за пешачење како и други „чисти“ транспортни решенија, наместо секојдневното користење автомобили. Неопходно е нашите навики за мобилност да бидат во функција на штедење на енергијата, и притоа тие да бидат дел од заедничките – колективни напори. Општина Струмица, во тој поглед, прави се што е во доменот на нејзината надлежност, преземајќи чекори кои водат кон целта – одговорна и енергетски одржлива општина. Ние сме на вистинскиот пат таа цел да ја достигнеме, рече во изјава за медиумите Томислав Андреев раководител на Одделението за заштита на животната средина.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРеакција: Расте бројот на поддржувачи на штетните патријархални вредности, а со тоа и бројот на манипулациите околу сеопфатното сексуално образование
Следно соопштениеНово фудбалско и детско игралиште, како и паркинг простор во во ООУ “Круме Кепески”