Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека  активист на СДС ја навредуваше Силјановска со сексистички коментари

53
Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека  активист на СДС ја навредуваше Силјановска со сексистички коментари

Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека  активист на СДС ја навредуваше Силјановска со сексистички коментари.

Пендаровски наместо да го земе микрофонот и да го укори неговиот поддржувач и да се извини и на присутните и на гледачите, тој ги слушаше навредите кон Силјановска.

Ваквиот сексистички и мизогин однос на активистите на Пендаровски и СДС кон Силјановска е директно поттикнат од Пендаровски, кој со својот примитивен балкански мачоизам веќе две недели ја навредува Силјановска.

Говорот на омраза и навредите кои ги почна Пендаровски сега го следат и неговите поддржувачи.

Токму заради ваквиот примитивен однос на Пендаровски тој ќе остане само поранешен претседател. На Македонија не и требаат луѓе за претседател кои покажуваат сила врз жени. На Македонија и треба претседател кој ќе ги почитува сите, и ќе ја брани државата. Време е народот да си ја врати државата. Македонија повторно горда.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПретседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Трајан Ангелоски гостин во Дипломатија и Бизнис
Следно соопштениеДимитриеска Кочоска: Навредите кон Силјановска Давкова ја потврдија паниката и стравот од пораз кој владее кај Пендаровски и СДС