Денес на ТВ Телма, во емисијата “Да си кажеме”, гостин беше претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија г-н Трајан Ангелоски. Во емисијата се разговараше на повеќе актуелни теми со кои се соочува приватниот сектор, како и кои се очекувањата на ССКМ за превземање на конкретни чекори од страна на идната влада и подобрување на деловниот амбиент.
“Ние очекуваме длабок реформски процес, по европски терк, се треба да биде фокусирано, доколку сакаме да се приближиме кон Европа, а за тоа ни требаат минимум европски услови, да бидеме далеку поиновативни, многу подобри од Европа, не смееме да ги следиме евроспките стапки на раст и да бидеме задоволни со истите и со побрзи чекори да се приближуваме кон Европа, затоа што се случува поразителен процес, кој го гледаме сите. Од идната влада очекуваме огромни инвестиции во инфраструктурата, решавање на проблемите на јавните претпријатија, овозможување непречено работење на приватниот сектор, без непотребни бирократски процедури, дигитализација и зелена трансформација”, истакна Ангелоски.
Повеќе на линкот: Да си кажеме со Трајан Ангелоски – Како функционира бизнис заедницата во време на избори – YouTube