Претседателот на МОК, Даниел Димевски, до генералното собрание на Европските олимписки комитети поднесе извештај за досегашниот прогрес во однос на тековната организација на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025.
Со голема поддршка од страна на Европскиот олимписки комитет и од страна на сите Национални олимписки комитети, извештајот за овој амбициозен проект беше оценет како исклучително успешен.