УЧЕНИЧКА ОД ООУ КАРПОШ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА

37
УЧЕНИЧКА ОД ООУ КАРПОШ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА

Деветоодделенката Михаела Карадимче од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ го освои првото место на државниот натпревар по хемија, кој се одржа на 31 мај на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје Предводена од својот ментор, наставникот по хемија Даниел Николовски, Михаела успеа да ги покаже своите знаења и вештини на највисоко ниво, надминувајќи ги сите предизвици и силната конкуренција.

 

Овој значаен резултат е плод на нејзината посветеност, труд и љубов кон науката. Постигнатиот успех на државно ниво  говори за  извонредната заложба на основката и нејзиниот ментор, кои во најдобро светло го претставија своето училиште како и општина Карпош, која наметна високи стандарди во областа на образованието на своја територија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИнтегритет во спортот: Фер плеј
Следно соопштениеСРЕБРО ЗА ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ