РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер побара „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите

41
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер побара „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите

Еурофарм Пелистер побара „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер побарал „вајлд-карта“ за место во Лигата на шампионите, а за седумте специјални покани конкурираат 12 клубови.

За новата сезона во Лигата на шампионите за мажи, сигурни се девет клуба (Алборг, Барса, ПСЖ, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Колштад, Висла Плоцк и Спортинг Лисабон), а преостанатите седум места ќе се пополнат со специјална покана.

Освен Еурофарм Пелистер на „вајлд-карта“ се надеваат и Загреб (Хрватска), Фредериција (Данска), Бидасоа (Шпанија), Нант (Франција), ПИК Сегед (Унгарија), Елверум (Норвешка), Киелце (Полска), Порто (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) и Татран Прешов (Словачка).

ЕХФ ќе ја соопшти одлуката на 21 јуни, откако барањата ќе бидат разгледани од комисија два дена претходно.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСРЕБРО ЗА ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ
Следно соопштениеКостадиновска Стојчевска: Сè погазија, до пладне мандатарот зборува против ДУИ, попладне седнува со нив и се договора