Продлабочување на соработката и размена на информации на темата превенција со манипулација со спортски натпревари

38
Продлабочување на соработката и размена на информации на темата превенција со манипулација со спортски натпревари

Остваривме заедничка средба со претставници од Министерство за внатрешни работи, односно од одделот за економски криминал и корупција и секторот за меѓународна полициска соработка и Интерпол, со цел продлабочување на соработката и размена на информации на темата превенција со манипулација со спортски натпревари. Со поддршка на ангажираниот експерт Жоао Алмеида од Португалија, во следниот период ќе организираме обука за полициските службеници кои работат во овој домен, со цел унапредување на нивните вештини за препознавање и следење на сите закани поврзани со манипулација на спортските натпревари. 

МОК ја имплементира програмата поддржана од ИОК во чии рамки ќе се делува за поголема едукација и превенција од оваа глобална закана особено кон спортистите, како и воспоставување на формална рамка за навремена размена на информации и проактивна соработка

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСоработка меѓу МOK и општина Ѓорче Петров: едукациски програми за наставниците по физичко и поддршка за спортистите
Следно соопштениеМицкоски: Курбан Бајрам е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба, дојде време заеднички да изградиме поцврсти темели за подобар животен стандард за секој еден граѓанин