„АЈДЕ ДА ИГРАМЕ ШАХ“ – Karpos.gov.mk

30
„АЈДЕ ДА ИГРАМЕ ШАХ“ – Karpos.gov.mk

Градоначалникот Стевчо Јакимовски им честиташе на наставникот по шах ИМ Орце Данчевски и на ПОУ „Јахја Кемал“ за добиената златна награда од ФИДЕ за имплементирање на шах во училишната програма, што претставува највисоко глобално признание од Светската шаховска федерација. На средбата, претставниците од училиштето и интернационалниот мајстор Данчевски му се заблагодарија на градоначалникот за долгогодишната искрена и несебична поддршка за развојот на шахот во општината, благодарение на што во изминатите години општина Карпош стана вистински расадник на млади шаховски таленти. Златната награда од ФИДЕ е доделена на училиштето поради највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет. Јакимовски се договори со претставниците од училиштето Јахја Кемал нивниот проверен „рецепт“ за откривање и развој на млади шаховски таленти од идната учебна година да почне да се применува и во десетте општински училишта во Карпош со што оваа игра би станала уште подостапна за учење за сите деца во Карпош и тоа по највисоки светски стандарди. Наставникот Данчевски му подари на градоначалникот Јакимовски примерок од неговата книга „Ајде да играме шах“, која е прва илустрирана книга за шах во Македонија. Оваа книга која е спој на елементи од сликовница и енциклопедија претставува „буквар“ за младите шахисти, и е наменета за да им се дава поддршка на децата што побрзо да ја засакаат оваа игра, а на родителите да ги разберат придобивките од истата. Истовремено, во „Ајде да играме шах“ наставниците имаат одлично помошно средство во наставата.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРеакција од Општина Карпош на соопштението на МВР
Следно соопштениеМицкоски: На вториот ден од владата ќе има инвестиција ветропарк во вредност од 450 милиони евра