РК Еурофарм Пелистер – Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер

28
РК Еурофарм Пелистер – Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер

Ни претставува особено задоволство да најавиме едно големо враќање. По само една сезона пауза, тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. 31-годишниот десен бек потпиша договор на една сезона и наскоро го очекуваме во Битола.

Хосни го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24, откако со нашиот клуб ја освои титулата сезона претходно. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар.

Претставувањето на Хосни во Битола е предвидено на стартот на подготовките, на крајот од месец јули.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПратеничката група на Левица со прва кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери Левица
Следно соопштениеЕГОРОВ СО А ОЛИМПИСКА НОРМА – УЧЕСНИК НА ОИ ПАРИЗ 2024