Младинската женска селекција ќе игра за пласман од 13та до 16-та позиција – Ракометна Федерација на Македонија

28
Младинската женска селекција ќе игра за пласман од 13та до 16-та позиција – Ракометна Федерација на Македонија

Младинската женска селекција ќе игра за пласман од 13та до 16-та позиција и за противник ќе ја има селекцијата на Јужна Кореа.

Нашите млади ракометарки во групната фаза од главната фаза на Мундијалот оддигра два натпревара и запиша еден нерешен резултат и еден пораз. Во главната фаза нашите ракометарки беа дел од групата 4 и оддигра натпревари против селекциите на Португалија и Црна Гора.

Нашите млади ракометарки во првиот натпревар против селекцијата на Португалија оддиграа нерешено 28:28, а во следното коло беа поразени од селекцијата на Црна Гора со резултат 26:23, и како четврто пласирана екипа во групата ќе разигрува за пласман од 13то до 16то место на 2024 IHF Women’s Junior World Championship.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПРЕКУ ПРОЕКТОТ „СОНЧЕВИ УЧИЛИШТА“ ШЕСТ УЧИЛИШНИ ЗГРАДИ ЌЕ ДОБИЈАТ ФОТОВОЛТАИЧНИ СОЛАРНИ ЦЕНТРАЛИ
Следно соопштениеБезобразно е Еролд Муслиу да збори за мерит систем, човекот од Агенција за разузнавање направи партиски штаб на СДС