ССКМ и Prime Blue ESG Institute потпишаа Меморандум за соработка за афирмирање на концептот одржливото финансирање и ESG стандардите

36
ССКМ и Prime Blue ESG Institute потпишаа Меморандум за соработка за афирмирање на концептот одржливото финансирање и ESG стандардите

ССКМ и PrimeBlue ESG Institute потпишаа Меморандум за долгорочна соработка, со цел реализација на заеднички активности кои ќе придонесат за афирмирање на концептот одржливо финансирање (sustainable finance) и на ESG стандардите (environmental, social, and governance standards) во корпоративниот сектор на Република Северна Македонија, со посебен акцент на МСП (малите и средни претпријатија), со што водено се и дефинирани улогите на потписниците во насока на успешна реализација на проектот “ESG Capacity Building Program”.

Договорот што го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на “Prime Blue ESG”, Зоран Мартиновски меѓу другото предвидува и соработка и заеднички проекти кои се однесуваат на: споделување на добрата пракса, експертиза, знаење, искуства и изградба на капацитети (capacity building), реализацијата на образовни и истражувачки програми како и имплементација на заеднички иницијативи за вмрежување со цел промовирање на соработката, размена на знаење и професионален развој.

Иницијална активност во која потписниците ќе се вклучат во соработка е во рамки на проектот “ESG Capacity Building Program” имплементиран од ПримеПоинт ДОО од Скопје, преку својот специјализиран центар за одржлив развој и ESG стандади Prime Blue ESG Institute, со поддршка на УСАИД проектот P4EG – имплементиран од Palladium International LLC, Branch Office Skopje.

Previous articleСимов: “Македонија треба да биде земја на задоволни граѓани”

SSKM

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНа иницијатива на градоначалникот Костадинов еднократна помош за првачињата во новата учебна 2024/2025 година
Следно соопштениеФилипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ, следи период на обединување и реформа