Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери, додека луѓе страдаа и умираа

31
Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери, додека луѓе страдаа и умираа

Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер, преку криминалот на Онкологија, тендерот за стерилизација, пожарот во модуларната болница, набавката на вакцини, рекордниот број настрадани од Ковид и десетици други.

Филипче е продолжена рака на Заев, браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери во здравството, додека луѓе страдаа и умираа.

Во секоја европска држава вакви ликови после таков мандат не би ни помирисале политика, а не пак да водат партија. Но овој двоец Заев-Филипче нема ни срам ни перде. Нив ги води поривот за пари и желбата преку политика да се амнестираат.

Ортаци во бизнисот, а последната зделка им беше впишување на целосна сопственост над СДС. Партијата ја претворија во приватна фирма, што е врв на нивната коруптивна дејност.

Ако мислат дека СДС ќе им служи за пазарење со правдата тогаш се лажат. Тоа што ја земале во заложништво и ја држат заробена партијата е работа на членството на СДС, но никој друг нема да дозволи една крими група да ја уценува државата и политичките процеси во неа.

Со вакво темпо, СДС е многу близу на следните избори да биде вонпарламентарна партија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОТВОРЕНО 16 ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ“
Следно соопштениеЈАВЕН ОГЛАС за реализација на Карпошово културно лето 2024