ВМРО-ДПМНЕ со индигнација ги отфрла изјавите на криминалната организација предводена од неврохирургот на Заеви кој се наоѓа на чело на оваа партија

25
ВМРО-ДПМНЕ со индигнација ги отфрла изјавите на криминалната организација предводена од неврохирургот на Заеви кој се наоѓа на чело на оваа партија

Обвинувањата на СДСМ за наводното коцкање со државните интереси се целосно неосновани и неточни. Новата влада за разлика од криминалната клика на СДСМ и ДУИ води одговорна и транспарентна економска политика, насочена кон подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Договорите со нашите меѓународни партнери се внимателно планирани и анализирани за да донесат долгорочни придобивки за државата. СДСМ нема право да зборува за економски прашања кога токму нивната политика доведе до финансиски колапс и задушување на економскиот развој на нашата држава. СДСМ ја задолжи и ја ограби Македонија, ја оставија државата на колена и не оставија никакви дела зад себе. Тие се симбол на криминал, корупција и распродажба на државните интереси.

Сите одлуки и договори на владата за разлика од хаосот на СДСМ и ДУИ се донесуваат во согласност со законските процедури и Уставот на Република Македонија. Обвинувањата на СДСМ за “султански” методи се крајно непристојни и целосно неточни. Владата, за разлика од порано, цврсто се залага за транспарентност и отчетност во секој свој потег. За разлика од времето на СДСМ, кога одлуките се носеа без консултации и транспарентност, ние работиме во интерес на сите граѓани. СДСМ ја остави државата на колена, без јасни и транспарентни процедури и сега немаат апсолутно никакво морално право да ни држат лекции за тоа како се води државата.

Обвинувањата за неодговорно задолжување се неосновани и се резултат на дезинформации. Ние се задолжуваме под многу поволни услови, секогаш водејќи сметка за интересите на граѓаните и државата. За разлика од времето кога СДСМ беше на власт и кога каматните стапки беа прекумерно високи, ние постигнавме значително подобри услови за задолжување. СДСМ, додека беше власт ја задолжуваше и ја ограбуваше државата со камати поголеми од 7%. Тие немаат право да зборуваат за финансиска политика кога нивната неспособност ја доведе државата до финансиски крах. Ние напорно работиме да го стабилизираме финансискиот систем и да ја вратиме довербата на меѓународните финансиски институции.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на своите обврски и задачи и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата. Ние сме тука за да осигуриме мир, стабилност и просперитет за сите наши граѓани и за нашата иднина во НАТО и во меѓународната заедница.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗНАМ има само епизодна улога во политиката
Следно соопштениеАКТИТЕ КОИ ГИ НОСИ СЕКТОРОТ ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ ЗА ЈАВНОСТА НА НЕДЕЛНО НИВО