РК Еурофарм Пелистер – Пелистерци ќе дебитираат во Лигата на шампионите во Париз

31
РК Еурофарм Пелистер – Пелистерци ќе дебитираат во Лигата на шампионите во Париз

Неколку недели по извлекувањето на групите за новата сезона во Лигата на шампионите, официјално се потврдени сите четиринаесет кола и календарот за групниот сегмент во двете групи. Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе дебитира во Париз против првакот на Франција, ПСЖ на 11/12 септември. Првиот домашен натпревар момците на Бранислав Ангеловски ќе го одиграат една недела подоцна против вицешампионот на Германија, Фуксе Берлин.

Лига на шампиони 2024/25
А група:

1. коло, 11-12/09/2024 – ПСЖ – Еурофарм Пелистер

2. коло, 18-19/09/2024 – Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин

3. коло, 25-26/09.2024 – Динамо Букурешт – Еурофарм Пелистер

4. коло, 09-10/10/2024 – Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон

5. коло, 16-17/10/2024 – Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер

6. коло, 23-24/10/2024 -Еурофарм Пелистер – Веспрем

7. коло, 30-31/10/2024 – Фредериција – Еурофарм Пелистер

8. коло, 20-21/11/2024 – Еурофарм Пелистер – Фредериција

9. коло, 27-28/11/2024 – Веспрем – Еурофарм Пелистер

10. коло, 04-05/12/2024 – Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк

11. коло, 12-13/02/2024 – Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер

12. коло, 19-20/02/2025 – Еурофарм Пелистер – Динамо Букурешт

13. коло, 26-27/02/2025 – Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер

14. коло, 05-06/03/2025 – Еурофарм Пелистер – ПСЖ

Сатницата дополнително ќе биде одредена, по консултацијата на ЕХФ со носителите на ТВ-правата.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСЕ АСФАЛТИРААТ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ КАЈ ООУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер во група со Црвена Звезда, Татабања и Загреб на турнирот во Добој