РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер во група со Црвена Звезда, Татабања и Загреб на турнирот во Добој

25
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер во група со Црвена Звезда, Татабања и Загреб на турнирот во Добој

Екипата на Еурофарм Пелистер потврди дека и ова лето во рамките на подготовките за наредната сезона ќе биде учесник на Меѓународниот ракометен ТВ турнир на шампионите, како единствен претставник од Македонија.

По ждребката пелистерци се во групата А, заедно со Црвена Звезда, Татабања и Загреб. Во групата Б се Веспрем, првиот фаворит за трофејот, Слога, Бешикташ и Ал-Ахли.

Традиционалниот турнир во Добој ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а ќе учествуват осум квалитетни екипи, меѓу кои најзвучно име е унгарскиот гигант.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Пелистерци ќе дебитираат во Лигата на шампионите во Париз
Следно соопштениеМицкоски на НАТО самитот беше маргиналец, пропуштена шанса да се зајакне позицијата на државата