ССКM: Австриецот Евалд Коениг туристичкиот гигант, нов Потпретседател за надворешна соработка и туризам

28
ССКM: Австриецот Евалд Коениг туристичкиот гигант, нов Потпретседател за надворешна соработка и туризам

Сојузот на стопански комори на седница на Управен одбор донесе одлука за назначување на Евалд Коениг за нов потпреседател за надворешна соработка и туризам во ССК, роден Австриец и сопственик на туроператор Мак-Сан Травел веќе 15 години и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум светот. Своето искуство и меѓународна екпертиза во истражување на пазарот, анализа и инвестиции ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората.

Кoениг како туристички експерт промовирајќи ја Македонија и Балканот како дестинација, со своето богато културно наследство, повеќевековна историја и прекрасна архитектура, прекрасната храна и вино, искуствено посочи како туристичка дестинација Македонија сè повеќе туристи сакаат да ја посетат. Во земјава во мај годинава се евидентирани 106 604 туристи, од кои 25.5 % биле домашни, а 74.5 % се странски, бројот на ноќевањата во мај изнесувал 200 439, од кои 29.4 % се од домашните туристи, а 70.6 % од странските. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10.2 %, и тоа: кај домашните туристи за 8.8 %, а кај странските за 11.0 %, споредбено со истиот период минатата година.

,,Туризмот е моќен деловен сегмент за развој на економијата, придобивките од туризмот се повеќекратни и најмногу видливи преку растот на девизните приливи, подобрувањето на платниот биланс, отворањето нови работни места и зголемувањето на инвестициите. Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото, ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловна клима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти. Сојузот досега се наметна како значаен фактор во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа”, истакна Ангелоски.

Во брзо менувачко опкружување, Коморите можат да понудат решенија и имаат клучна улога во предвидувањето на компетенциите што ќе им бидат потребни на бизнисите во иднина. За таа цел, ССКМ заеднички со приватниот сектор и интензивна мeѓународнa соработка, стратегија за долгорочен раст и просперитет, модерен и одржлив економски раст ефективно работи на зацртаните приоритети : иновациите, соработката и стратешкото лидерство.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВладата падна на првиот тест, спората реакција во Неготино опустоши 1000 хектари
Следно соопштениеМицкоски ја лаже јавноста, зошто не ги објави приватните сметки за патувањето на синот