Соопштение за данок на имот » Општина Прилеп

29
Соопштение за данок на имот » Општина Прилеп

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, кои што имаат заостанат долг од минати години, задолжително да ги подмират своите даночни обврски заклучно со 15 август 2024 година.
Во спротивно Одделението за администрирање со приходи ќе биде принудено да пристапи кон постапка за принудна наплата согласно Законот за данок на имот.
За да се избегнат непотребни трошоци ги замолуваме граѓаните и правните лица да ја подмират својата законска обврска по основ на данок на имот и комунална такса во предвидениот временски рок.

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ПРИХОДИ
15.07.2024

ПретходноСлужбен гласник бр.8 од 2024
СледноСлужбен гласник бр. 9 од 2024

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕлектроснабдување
Следно соопштениеМладинците ќе разигруваат за пласман од 9-то до 16-то место на MEN’S 20 EHF EURO 2024 – Ракометна Федерација на Македонија