Ви ги претставуваме учесниците на претстојната олимпијада која ќе се одржи од 26 јули – 11 август оваа година во Париз .
#Paris2024
#TeamMKD
#RoadToParis2024
Дарио Ивановски, Олимписки стипендист на МОК
Ивановски има трчано бројни атлетски дистанци во кариерата, а дебито на маратонските патеки го имаше на Скопскиот маратон во
, на кој следната година и победи. Во меѓувреме, тој продолжи да ги подобрува своите времиња, па во последните години неколкупати го подобруваше државниот рекорд во маратон, што во моментов изнесува 02:08:26 остварено во Севиља
во февруари оваа година.
Дарио во моментов е на подготовки во Франција каде ќе остане се до почетокот на игрите.
Му посакуваме среќа на Дарио кој својот настап ќе го има на 10 август на маратонската трка низ Париз