КООРДИНАТИВНА СРЕДБА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА НИВОТО НА ХИГИЕНА ВО КАРПОШ

22
КООРДИНАТИВНА СРЕДБА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА НИВОТО НА ХИГИЕНА ВО КАРПОШ

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчера одржа координативен состанок со претставниците од Одделението за месна самоуправа и вработените коишто се задолжени за одржување на јавната хигиена на територија на локалната самоуправа. Во рамки на работната средба се разви дебата за состојбата со чистотата во сите 14 урбани заедници, при што беше констатирано дека е потребно да бидат преземени дополнителни мерки за подигнување на нивото на хигиена во Карпош.

Оттука, првиот човек на општината даде неколку конкретни насоки за поефикасен распоред на хигиеничарите на теренот, но исто така ги задолжи вработените лица во урабаните заедници да бидат одговорни за одржување на хигиена во рамки на својата територија.  

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПрес конференција по повод ЛОИ Париз 2024
Следно соопштениеАнгелоски за ТВ 24: 250 милиони евра од заемот од Унгарија треба да се насочат кон малите и средни компании