СОСТОЈБАТА СО ПОЖАРОТ Е СТАБИЛНА – ПРОТИВПОЖАРНИТЕ ЕКИПИ ОСТАНУВААТ НА ТЕРЕН СО ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ЖАРИШТА

20

Пожарникарите од ТППЕ Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денес продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве се соочуваме со големи пожари. Состојбата во моментот е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што при силен ветер може да настане запалување. Екипите остануваат на терен се до комплетно ликвидирање на пожарот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТошковски нема решено ниедно убиство за шест месеци
Следно соопштениеНеспособност, Мицкоски најавуваше дека за ден или два ќе се справат со пожарите а тие се проширија