Еди Шерифовски, учесник на ОИ Париз 2024

31
Еди Шерифовски, учесник на ОИ Париз 2024

Ви ги претставуваме учесниците на претстојната олимпијада која ќе се одржи од 26 јули – 11 август оваа година во Париз 🇫🇷.

#Paris2024 🇫🇷

#TeamMKD 🇲🇰

#RoadToParis2024

🥋 Еди Шерифовски, Џудо

Ова е трета Олимпијада по ред на која Македонија ќе има претставник во Џудо. Претходно Катерина Николовска во Рио 2016 и Арбреша Реџепи Токио 2020 учествуваа на Олимписките игри.

За нашиот најдобар џудист, Олимпијадата значи сон од детеството и цел која живеела во него секој ден.

-Чувството е феноменално, на моменти заборавам дека навистина ќе бидам Олимпиец. Една “придавка” која многу значи за мене. Како еден чин, придавка која се добива со многу работа.

Очекувањата лично за мене се големи. Иако не сум фаворит на хартија, знам дека можам да приредам едно големо изненадување. Спремен сум и физички и ментално за да ја направам нацијата горда, изјави Шерифовски. 

Турнирот во џудо е од 27 јули до 3 август. Еди својот прв настап ќе го има на 30 јули.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНеспособност, Мицкоски најавуваше дека за ден или два ќе се справат со пожарите а тие се проширија
Следно соопштениеИЗДАВАЊЕ НА Б- ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА » Општина Прилеп