Јавен повик за ангажирање консултант/-ка за подготовка на: Анализа на учеството на жени на извршни и високи извршни функции во изминатите 10 години и подготовка на документ за јавни политики за зајакнување на учеството на жените во извршната и високата извршна власт

27
Јавен повик за ангажирање консултант/-ка за подготовка на: Анализа на учеството на жени на извршни и високи извршни функции во изминатите 10 години и подготовка на документ за јавни политики за зајакнување на учеството на жените во извршната и високата извршна власт

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамки на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, поддржан од страна на Британската амбасада Скопје, објавува повик за избор на консултант/-ка за подготовка на: Анализа на учеството на жени на извршни и високи извршни функции во изминатите 10 години и подготовка на документ за јавни политики за зајакнување на учеството на жените во извршната и високата извршна власт. Анализата ги таргетира извршните и високите извршни функции во состав на владите во изминатите 10 години заради утврдување на опфатот на жени и нивното влијание во донесувањето на одлуки, како и осмислување на сеопфатен документ за јавни политики за зајакнување на жените во извршната и високата извршна власт.

Анализата треба да го истражи соодносот на жени и мажи помеѓу извршните и високите извршни функции во изминатите 10 години вклучувајќи ги Претседателите на Влада, Заменици/-чки претседатели/-ки на Влада, како и ресорните министерства со назначени министри/-ерки, заменици министри/-рки, вклучително и државните секретари/-ки како дел од извршната власт. Целта е да се утврдат трендовите и да се донесат соодветни заклучоци и препораки за намалување на тековните родови нееднаквости и обезбедување еднакви права и можности за учество на жените во извршната и високата извршна власт. Во рамки на анализата се предвидува и осмислување на еден сеопфатен документ за јавни политики кој ќе го зајакне учеството на жените во извршната и високата извршна власт, со предвидување на сите неопходни предуслови и процедури развиени за оваа намена.

1. Вовед

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, поддржан од страна на Британската амбасада Скопје, чија главна цел е да изгради и поддржи национална платформа за родова еднаквост и структура која ќе биде во состојба да промовира и застапува родово сензитивни политики и практики кои ќе ги унапредат правата на жените и девојките во Северна Македонија.
Во рамки на проектот, ќе се спроведе и анализата на опфатот на жени на извршни и високи извршни функции во владата и ресорните министерства, како дел од учествотото на жени со соодветно влијание при донесувањето на одлуки. Целта е да се приберат информации за учеството на жени на извршни и високи извршни функции во изминатите 10 години, да се анализираат трендовите според сектори и ресори и да се донесат соодветни заклучоци и препораки за надминување на тековните родови нееднаквости во извршната и високата извршна власт. Во рамки на анализата се предвидува и осмислување на еден сеопфатен документ за јавни политики кој ќе го зајакне учеството на жените на овие функции, со предвидување на сите неопходни предуслови и процедури развиени за оваа намена.

За таа цел, ХЕРА објавува повик за избор на консултант/-ка за подготовка на: Анализа на учеството на жени на извршни и високи извршни функции во изминатите 10 години и подготовка на документ за јавни политики за зајакнување на учеството на жени во извршната и високата извршна власт.

Ангажираниот/-ата консултант/-ка ќе треба да:

• Направи соодветно истражување на достапни материјали и информации за назначените лица на извршни и високи извршни функции во изминатите 10 години (преку веб-страниците на Владата, ресорните министерства и/или преку други достапни средства за информирање);
• Изработи и други инструменти за прибирање податоци како што се барања за пристап до информации од јавен карактер, директни дописи и писма за прибирање на потребните податоци од соодветните институции;
• Го води процесот на испраќање/прибавување податоци од соодветните институции;
• Постави релевантна структура на документот односно анализата и истата да ја потврди со одговорните лица во ХЕРА назначени на проектот;
• Ги обработи добиените податоци и да ги утврди трендовите според ресори, како и според вид на соодветната функција, време за кое функциите се извршувани и сл.;
• Направи соодветна дополна на податоците во делот на потешкотии со кои се соочиле жените при извршување на извршни и високи извршни функции, како и тековни проблеми во практицирање на функциите, но и одредени придобивки и позитивни искуства (преку директни интервјуа со жени кои вршеле ваков вид функции, прашалник, анкета или сл.);
• Изготви финална анализа со соодветни заклучоци и препораки за намалување на тековните родови нееднаквости и обезбедување еднакви права и можности за учество на жените и мажите во високата извршна власт.
• Подготви посебен сеопфатен документ за јавни политики за зајакнување на учеството на жените во извршната и високата извршна власт, со предвидување на неопходните предуслови и процедури развиени за оваа намена (вклучувајќи и индикација за измена на постоечките законски/подзаконски акти).

Продукти за испорака:

1. Предлог методологија и временски план за изготвување на задачата
2. Подготвени инструменти за прибирање податоци (барања за пристап до информации од јавен карактер, дописи и писма за прибавување на податоците, водич за интервју и/или прашалник/анкета и сл.)
3. Финална анализа која ќе опфати: (1) Извршно резиме (2) Опис на методологијата и начинот на прибирање на податоците (3) Ограничувања во начинот на прибирање на податоците (4) Соодветни прегледи и трендови на опфат на жени и мажи според 1. ресори 2. вид на функцијата (министри/-рки, заменици/-чки, државни секретари/-ки, и сл.), како и 3. време и должина на функцијата која ја обавувале (5) Проблеми и потешкотии со кои се соочиле жените во извршувањето на функциите, како и одредени придобивки и позитивни искуства (6) Заклучоци и препораки за надминување на тековните родови нееднаквости кај извршните и високите извршни функции во Владата (7) Елаборирање на еден сеопфатен документ за јавни политики за зајакнување на учеството на жените во извршната и високата извршна власт.

За оваа консултантска услуга е предвидена вкупна бруто сума од 2970 EUR (2500 £) во денарска противвредност. Крајниот рок за доставување на крајните продукти е 15-ти октомври 2024 година.

При изборот ќе се земат предвид следните општи услови:
• Завршено високо образование, со повеќегодишно искуство во изработка на анализи и студии од ист или сличен карактер;
• Повеќегодишно искуство во областа на родовата еднаквост и/или заштита на правата на маргинализирани групи;
• Повеќегодишно искуство во областа на креирање политики и промена на регулативата;
• Учество и работа на различни квалитативни и квантитативни истражувања;
• Развиени вештини за изготвување и пишување на извештаи;
• Течно говорење и пишување на македонскиот и англискиот јазик;
• Способност за планирање и организација;
• Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.

Предност ќе имаат кандидат(к)и кои имаат искуство во работа со услуги од областа на социјалната и/или здравствената заштита и политика.

Потребни документи

• Кратка биографија на македонски или англиски јазик со вклучена референтна листа на претходни слични ангажмани
• Предлог методологија и временски план за изготвување на задачата на македонски или англиски јазик

Јавниот повик е отворен за сите заинтересирани кандидат(к)и до 30-ти јули 2024 година.

Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за избор на Консултант/ка за подготовка на: Анализа на учеството на жени на извршни и високи извршни функции во изминатите 10 години и подготовка на документ за јавни политики за зајакнување на учеството на жените во извршната и високата извршна власт, кандидат(к)ите можат да ги достават електронски на следната е-маил адреса: [email protected];

Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот по електронски пат, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор.
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови, без разлика на етничката припадност, родовото изразување, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или било која друга основа.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНикола Ѓуретановиќ, учесник на ОИ Париз 2024
Следно соопштениеДали Мицкоски патувал за Вашингтон во луксузна бизнис класа со карта која чини над 4.000 евра?