РК Еурофарм Пелистер – Александар Зарков се врати во Битола, ќе го води Еурофарм Пелистер 2

37
РК Еурофарм Пелистер – Александар Зарков се врати во Битола, ќе го води Еурофарм Пелистер 2

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 го означува својот нов проект, својот нов почеток. За остварување на целта, која е враќање во Првата лига, тимот му е доворен на легендарно име од нашата историјата. За нов тренер на Еурофарм Пелистер 2 е назначен Александар Зарков.

Зарков по кратката епизода во Грција се врати во Битола и ќе продолжи да работи на проектот со млади ракометари. Тој има акумулирано тренерско искуство во нашите лиги, а посебно во работа со ракометари во развој.

Неговото претставување е предвидено за 24 јули, кога е официјалната прозивка на екипата на Еурофарм Пелистер 2.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски е целосно неук за тоа како функционира увозот на лекови
Следно соопштениеНикола Спасов откако се насобра тендери од СДС, преку агенцијата Рејтинг, сега го отплаќа долгот преку водење на ПР, со ниски лаги и измислици