– Пред самата трка имав малку трема, моите години го направија своето, бев многу возбуден. Но сепак ова е едно големо искуство за мене, секако дека ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања, изјави младиот Ѓуретановиќ за сајтот на МОК.
За македонските олимпијци, следниот настап е веќе утре (недела). Анастасија Мојсовска која во стрелаштво ќе настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.