СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНО 54 ИЗДАНИЕ НА РЕПУБЛИЧКИОТ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“

16

На Платото пред Офицерскиот дом, синоќа свечено беше затворено 54 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски кој нагласи дека, Битола е најдобро место, каде преку културно уметничкиот израз може да се направи спој на младоста, мудроста и искуството, современото и традиционалното, културата и наука и тоа светски да се промовира под мотото ,,Уметноста на традицијата“. „Во изминатите 13 денови, ова го потврдија многубројните учесници, ансамбли, фолклорни групи изведувачи и промотори на културата и традицијата, кои низ деветдневна програма не прошетаа низ навистина впечатливи сцени, кои ќе останат долго запаметени, а дополнително се поттикнувач и за младите генерации, потсетување за повозрасните, но и повод повеќе да се престојува во Битола во периодот додека трае фестивалот „Илинденски денови“. На самиот крај на 54 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, сакам да им се заблагодарам на сите гости од различните краеви на светот кои настапија во Битола, а на организаторите да им честитам за уште една успешна организација и да им посакам секое следно издание да биде се поуспешно. Честитки за сите награди и признанија, кои и оваа година, низ навистина комплексен избор ги вреднуваат најдобрите. Тоа што останува наш мотив за уште поголема промоција на културно историското наследство, е најважниот дел од овој фестивал – публиката, која секогаш со вистинска радост ги следи сите настани кои се дел од „Илинденски денови“. И вечерва, како дел од Вас почитувани гости, посакувам фестивалот да продолжи […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Зарков прозиваше, Еурофарм Пелистер 2 ја започна мисијата за враќање во Суперлигата
Следно соопштениеСпасовски: Затајува координацијата на институтициите за справување со пожарите