53 СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ВО ТРНОВО

11

Традиционално, во потпелистерското село Трново, по повод големиот празник Илинден се одржува 53 Семакедонска Илинденска средба, во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. Присутните гости и организаторите, ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски: „Во име на културата, традицијата, меѓусебното почитување и зајакнувањето на нашите врски на соработка и разбирање за заеднички напредок и годинава на големиот празник „Илинден“, ја имаме можноста заедно со нашите пријатели и иселеници од сите краеви на светот, заедно да празнуваме на ова прекрасно место, во дворот на македонската црква “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново. Овие денови Битола живее со колоритот на светот, за што посебно радува големата посетеност на „Илинденски денови“ како дел од Битолското културно лето, посебно посетеноста од нашите сограѓани кои се наоѓаат во странство, а летниот период го користат за посета на својата родна земја. Посакувам добредојде на сите Битолчани, на сите Македонци иселеници од Македонија, на Македонците од соседните земји на Републиката и на Македонците од Европа и прекуокеанските земји, кои деновиве престојуваат во Битола, во Македонија и учествуваат на оваа Семакедонска средба. Верувам дека, со сите наши заложби и ангажмани како локална самоуправа, ќе успееме да ги мотивираме и поттикнеме барем дел од нашите иселеници, повторно да се вратат во Македонија, во Битола, каде заедно ќе продолжиме да инвестираме во подобра иднина и подобри услови за […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Двата Илиндена не обединуваат околу заедничката борба за просперитетна Македонија
Следно соопштениеЧЕСТИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНИЈО – Олимписки Комитет на С. Македонија