РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер второпласиран на „Купот на пријателството“ во Турција

13
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер второпласиран на „Купот на пријателството“ во Турција

Мешков Брест – Еурофарм Пелистер 35-31 (20-18)

Во финалето на меѓународниот турнир „Купот на пријателството“ во Болу, ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Мешков Брест со 35-31.

Во самиот финиш од средбата на семафорот стоеше 32-31 за Мешков Брест, противникот на Еурофарм Пелистер имаше напад во кој еден од играчите на белорускиот тим направи пробивање, имаше и удар во лице на ракометарот на македонскиот шампион Богдан Радивојевиќ, но судиите ништо не досудија, туку признаа само нов гол на Мешков Брест за +2

Играчите на тренерот Бранислав Ангеловски се повлекоа од теренот незадоволни поради судењето. По подолг период и разговори со делегатот, мечот продолжи, а на крајот славеше Мешков Брест со четири голови разлика.

Најефикасни во битолската екипа со по шест погодоци беа Емилијан Ѓорговски и Богдан Радивојевиќ.

Претходно во полуфиналето актуелниот македонски шампион славеше против Чеховски Медведи со резултат 26-25.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПетрушевски: СДС лажат и ловат во матно, го спасуваат Пајазити кој е виновен за бегството на Рамадани и сакаат да сокријат скандал дека приведените за убиството кај Мавровка избегале од затвор во нивно време
Следно соопштениеИзвестување за извлекување на натпреварувачки броеви за Прва Машка Лига – Ракометна Федерација на Македонија